Huawei Mate 40 Pro по официјалната објава веќе ги забележа најдобрите резултати на DxOMark тестот на камери, а сега се појави на уште еден бенчмарк со интересни резултати.
AI Benchmark покажува дека Huawei Mate 40 Pro значајно ќе ја надминува конкуренцијата со новиот Kirin 9000 чипсет.
Mate 40 Pro оствари резултат од 216,6 поени, додека најблискиот конкурент Xiaomi Redmi K30 Ultra со MediaTek Dimensity 1000+ чипсет оствари 135,3 поени. Vivo iQOO Z1, со истиот Dimensity 1000+ чип, на овој тест оствари 133 поени. Ai перформансите на Mate 40 pro моделот се за 60 проценти подобри во однос на најблискиот конкурент.
Интересно е дека на комплетната AI Benchmark листа доминираат Kirin и Dimensity чипови, додека Snapdragon 865 (во Realme X50 Pro 5G моделот) забележа само 74,2 поени.