Lenovo во својата Slim 7 линија гејминг лаптопи ја додаде верзијата со AMD Ryzen 4000H процесор. Одличниот AMD Renoir АPU може да се искомбинира со Nvidia RTX 2060 Max-Q GPU, a Lenovo тврди дека ова се најлесните 15-инчни лаптопи на светот, кои во себе ги содржат RTX графичките карти.
Корисниците можат да се определат Legion Slim 7 да го опремат со Ryzen 5 4600H, Ryzen 7 4800H или Ryzen 9 4900H APU, заедно со до 32GB DDR4-3200 RAM и до 2TB NVMe SSD простор за складирање.
Покрај споменатиот RTX 2060 Max-Q GPU, корисниците можат да ги изберат и GTX 1660 Ti Max-Q или GTX 1650 Ti опциите. Тука е и изборот помеѓу 15,6-инчениот 144Hz FHD панел со поддршка за 100% sRGB спектар на бои, или 4K IPS панел со HDR (Dolby Vision) поддршка, 500 нита осветлување, 60Hz освежување и поддршка за 100% Adobe RGB спектар на бои.
Кога е во прашање тврдењето на Lenovo дека ова е најлесниот 15-инчен светски лаптоп, компанијата објаснува дека куќиштето на уредот е креирано од алуминиум, што се користи во воздухопловството. Ова овозможува профил тенок само 1,80 см и тежина од 1,86 кг. За оптималната температура на работа на интерниот хардвер, Lenovo го нуди Legion Coldfront 2.0 системот на ладење. Лаптопот има и батерија од 71Wh, која со едно полнење трае до 9,6 часа.
Новиот Lenovo Legion Slim 7 лаптоп ќе се најдe во продажба од крајот на октомври, по почетна цена од 1370 долари.