NASA најави конференција на која ќе објави „возбудливи откритија за Месечината“. Не се откриени деталим, но можеше да се прочита дека е во врска со напорите Месечината да стане важна точка за истражување на длабоката вселена.
Витална улога во ова откритие одигра Sofia – модификуваниот Boeing 747 што лета повеќе од било кое земјено летално и има вграден телескоп, кој се наоѓа на средина на летечката опсерваторија. Телескопот собира инфрацрвено светло, што значи дека може да ги види и оние феномени кои при обично светло остануваат невидливи. Предноста на ова летало е во тоа што лета над 99 проценти од водените испарувања во атмосферата, кои инаку го замаглуваат погледот на вселената. Опсерваторијата најмногу се фокусира на оддалечените планетарни системи, раѓањето и смртта на далечните ѕвезди, но и на поблиските објекти како Месечината.
Конференцијата е најавена за 26. октомври и е во врска со Artemis програмата, во рамките на која до 2024. година на Месечината би требало да стигне и првата жена, а потоа сателитот на Земјата би требало да стане база, попатна станица за мисиите до Марс, кои би требало да почнат по 2030. година.
Поврзани артикли