Acer го претстави својот прв лаптоп што го покренува Qualcomm Snapdragon 7c чип, а во прашање е Acer Chromebook Spin 513.
Уредот има 2-во-1 конвертибилен формат, а преку шарката од 360 степени можно е да се користи како стандарден лаптоп, таблет со внес преку допир на екранот или во формат на шатор за преглед на содржини. Лаптопот е креиран од алуминиум, тежок е 1,2 килограми и има Corning Gorilla Glass заштита.
Chromebook Spin 513 користи 13.3-инчен FHD дисплеј со тенки рамки, со screen-to-body однос од 78 проценти. Споменатиот Qualcomm Snapdragon 7c чип има Kryo 468 CPU, кој е претставен кон крајот на минатата година. Чипот пристигнува во комбинација со 8GB LPDDR4X RAM и 128GB простор за складирање. Батеријата на уредот нуди 14 часа работа, а за софтверската поддршка е задолжен Chrome OS.
Конекцијата ја сочинубваат Bluetooth 5.0, опционалниот 4G LTE и Wi-Fi 802.11ac со 2×2 MIMO технологија. Од портовите се достапни два USB Type-C конектори (Gen 3.2), USB 3.2 Type-A порт и DisplayPort со USB Type-C интерфејс. Тука се и двата вградени микрофони, за подобри искуство на видео повиците.
Acer Chromebook Spin 513 ќе се нуди во Европа по почетна цена од 429 евра, а ќе биде достапен од јануари. Аcer претстави и верзија на лаптопот со фокус на бизнис корисниците, под името Acer Chromebook Enterprise Spin 513. Овој модел ќе биде достапен од март следната година, по цена од 699 евра.