Компанијата Acer се здружи со Porsche Design во развојот на новиот врвен и луксузен лаптоп.
Лаптопот наречен Porsche Design Acer Book RS ги комбинира Porsche Design производите со технологијата на Acer за лаптопи. Партнерството е многу важно бидејќи претходниот лаптоп Porsche Design Book One, што ова студио го разви самостојно, имаше неколку проблеми. Фокусот на тој модел беше на стилот, а не на функционалноста.
Porsche Design Acer Book RS изгледа повеќе како конвенционален лаптоп со карбонска заштита. Купувачите ќе можат да бираат помеѓу конфигурациите со Intel Core i5 и i7 процесор од 11. генерација, 8 или 16 G RAM и 512 GB или 1 TB меморија. Графиката може да остане интегрираната Iris Xe на Intel, а може да се добие и опционалната дискретна Nvidia MX350 графичка карта. Екранот е можеби и најмалку импресивен дел од пакетот, бидејќи се работи за 14-инчен дисплеј осетлив на допир, со резолуција 1080p.
Лаптопот има и осветлена тастатура, како и смарт функции како што е посигурното логирање со помош на отпечаток од прстот со Windows Hello и Modern Standby & Wake on Voice за дополнително подобрено корисничко искуство.
Лаптопот е поевтин во однос на Porsche Design моделот, основната цена изнесува 1399 долари, а се уште не е познато кога ќе се најде во продажба. Дополнителната опрема се состои од глувче од 109,99 долари со карбонски детали, а можно е да се добие со куќиште за 329,99 долари. Премиум пакетот ја вклучува најдобрата верзија на лаптопот со i7 процесор, а чини 1999,99 долари.