Актуелното Honor X10 семејство има два претставника од средниот сегмент што се достапни само во Кина – X10 5G и X10 Max 5G. Сега ќе им се придружиу и трет модел, што ќе биде достапен глобално, а станува збор за Honor X10 Lite.
Претставувањето на Honor X10 Lite телефонот е закажано за 23. октомври, а првиот пазар на кој ќе се појави е Русија.
Иако официјалниот сајт не открива многу, еден дојавувач на Twiiter објави повеќе информации за смартфонот, заедно со фотографии. Honor 10X Lite користи Kirin 710A чипсет, ќе има LCD екран, додека сензорот за отпечатоци е сместен од страна на рамката.
Фотографијата ја открива и главната камера од 48MP, punch-hole дизајн за селфи камерата и поддршка за SuperCharge полнење на батеријата.
Honor X10 Lite ќе биде официјализран утре, претпродажбата на телефонот почнува на 6. ноември, а најпрвин ќе се појави на рускиот пазар од 13. ноември.
Поврзани артикли