Acer ги претстави своите нови потрошувачки лаптопи во рамките на Swift, Spin и Aspire линиите.
Веројатно најинтересен модел преставува Swift 3x, штп доаѓа со Intel процесор од 11. генерација. Лаптопот има тежина од 1,37 кг, нуди 17,5 часа работен век на батеријата, а го карактеризира Intel Xe MAX доделена графичка карта. Тука е и Thunderbolt 4 поддршката, како 14-инчен FHD екран со 84% screen-to-body однос.
Acer Swift 3x пристигнува во Европа во текот на ноември, по почетна цена од 849 евра.
Тука се и двата нови конвертибилни модели – Spin 5 и Spin 3. Spin 5 има тежина од 1,2 кг, дебелина од 14,9 милоиметри и донекаде единствен дизајн. Кога ќе се отвори горната страна, лаптопот се издигнува за подобро да се излади.
Acer Spin 5 го покренуваат Intel Tiger Lake процесори, до Core i7-1165G7 моделот, со интегрирана Iris Xe графика. Моделот нуди 80% screen-to-body однос, 3:2 дисплеј и има вградено Wacom AES паметно пенкало.
Spin 3, исто така, користи Tiger Lake чипови со Iris Xe графика, а пристигнува со 16:10 дисплеј со резолуција од 2560 x 1600 пиксели. Овој конвертибилен модел нуди и поддршка за паметно пенкало.
Spin 5 доаѓа во Европа по цена од 1099 евра од декември, додека Spin 3 во понудата ќе биде од декември, по почетна цена од 899 евра.
На крајот, тука е и Aspire 5, кој претставува повеќе мејнстрим лаптоп. Достапен е во неколку модели, но сите доаѓаат со 11. генерација Intel процесори. Некои од нив имаат и Nvidia GeForce MX450 GPU.
Acer Aspire 5 моделите пристигнуваат ви Европа од ноември. Моделот А514-54 со 14-инчен екран има почетна цена од 599 евра; A515-56 (15.6″) доаѓа со цена од 599 евра, додека A517-52 (17.3″) на пазарот пристигнува со почетна цена од 599 евра.