Google објави дека во популарната Google Maps апликација ќе вметне неколку нови функции. Целта е осигурување безбедност на корисниците при посетување различни локали. Конкретно, Google ќе предупредува ако на некое место има многу луѓе и тоа без кликнување на локацијата. Новата промена ќе биде достапна на десктоп-верзијата, на андроидите и на телефоните со iOS.
Од Google, исто така, објавија дека во текот на идните месеци ќе ја зголемат покриеноста на споменатите услуги на пет пати поголемо подрачје отколку во јуни годинава. Ќе добиеме места како плажи, паркови, дуќани, бензински пумпи… Исто така, Google во пребарувањето ќе вметне информации за здравствено-безбедносните услови во одреден локал или установа. На пример, ќе може да се информирате дали локалот бара носење маски, дали има пулт од плексиглас итн.
Дополнително, Google го унапредува и Live View, давајќи им на корисниците можност за користење на проширената реалност за да дознаат нешто повеќе за ресторанот или продавницата.
На пример, ќе можете да го насочите телефонот кон локалот и да видите дали е отворен, колку луѓе има внатре, колку ѕвездички има и кои се неговите безбедносни мерки за превенција на ширењето на заразата.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли