Поминаа нешто повеќе од две години откако Canon прв пат имплементираше 4K поддршка во EOS M серијата фотоапарати. Оттогаш многу работи се променија, па сега компанијата објави нов модел со фокус на креирање видеа.
Canon EOS M50 Mark II користи 24.1MP APS-C CMOS сензор и има DIGIC 8 процесор, со што на уредот му се даваат способности на снимање на 4K UHD видеа. Во овој квалитет, лимитот на снимање на видеа има фрејмрејт од 24 fps.
Надградбата што ја имплементира Mark II е повеќе насочена кон снимање видеа отколку кон фотографирање, додека подобрениот автофокус е корисен за двата мода. Тука е и поддршката за вертикални видеа, што се популарни на некои сајтови, како и за tap-to-record видео и movie self-timer за LCD екранот за полесно влогирање. Присутна е и функцијата што овозможува директен стриминг на YouTube Live содржини.
EOS M50 Mark II е еден од првите модели што е компатибилен со Canon EOS Webcam софтверот, претворајќи ја оваа креативна алатка во продуктивна со помош на USB кабел.
Canon EOS M50 Mark II пристигнува на пазарот во текот на ноември, по цена од 600 долари (без објектив). Со Canon EF-M 15-45mm објективи цената изнесува 700 долари, односно 930 долари за EF-M 15-45mm и EF-M55-200mm објективи.