Huawei Mate 40 серијата телефони ќе биде претставена на 22. октомври, а интересно е дека нема премногу детали за претстојните смартфони кои се очекуваат во текот на презентацијата.
Засега знаеме дека уредите ќе ги покренува Kirin 9000 чипсет што би можел да има интегриран 5G модем, во подготовка е поддршка за 66W полнење, како и солиден систем на камери аранжиран во необичен осмоаголен модул на барем еден од моделите.
Сега се појавија неколку фотографии што ни даваат подобар увид во системот камери на задната страна, како и фотографии од пакувањето на Mate 40 Pro+ моделот, со прикажан дел од спецификациите на декларацијата.
Фотографиите јасно покажуваат осмоаголен стаклен прозорец, со барем пет камери. Модулот кој е најпрепознатлив е перископ телефото во горниот десен агол. Под него би можела да биде главната камера или ултраширока со голем сензор. Од левата страна се наоѓаат уште две камери. По централната оска на телефонот, во модулот се наоѓа уште еден помал сензор што би можел да биде макро или сензор на длабочина.
Покрај ова, продажното пакување на Huawei Mate 40 Pro+ моделот укажува на некои карактеристики на телефонот. Ознаката на моделот на уредот е NOP-AN00, подржува 5G и пристигнува со 12GB RAM и 256GB простор за складирање податоци, а бојата е Ceramic Black.