Во една земја, и покрај најавите на Apple, слушалките ќе доаѓаат во пакет iPhone 12 моделите.
на официјалното претставување, Apple објави дека новите модели на iPhone 12 нема да доаѓаат со слушалки и полнач, што предизвика многу незадоволство кај корисниците, но им даде и на ривалите добра шанса да ги имаат за што да им се „фатат“.
Во Франција, сепак, слушалките ќе мора да доаѓаат во пакет со смартфонот, благодарение на тамошниот закон.
Due to legal obligations in France, EarPods are included in the box of every iPhone. The power adapter is not included pic.twitter.com/tZ0YLY9oIp
— Apple Hub (@theapplehub) October 15, 2020
Имено, француските закони предвидуваат дека телефоните мора да се продаваат во комплет со handsfree систем или со слушалки, со цел да се заштитат децата до 14 години од електромагнетно зрачење.
Француската влада не верува дека здравствените последици од долгорочното изложување на зрачење на смартфоните се дефинитивно утврдени, особено кај децата, затоа ниту еден уред што зрачи не смее да доаѓа во пакување без слушалки.
Упатствата во пакетите исто така мора да содржат јасни и едноставни упатства за користење на handsfree системот, односно слушалките.