Контраиндикациите за вакцината против коронавирус, развиена од научниот центар „Вектор“, се тешки форми на алергиски болести, акутни инфективни болести, малигни заболувања на крвта и тумори, како и бременост, објави службата за односи со јавност на „Роспотребнадзор“.
„Контраиндикации за вакцината против коронавирус се: преосетливост на компонентите на вакцината; тешки форми на алергиски болести; реакција или компликации по претходно примање на вакцината; акутни инфективни и неинфективни болести, хронични болести во акутна фаза – вакцинацијата се спроведува најрано еден месец по закрепнувањето или ремисијата; кај благи акутни респираторни вирусни инфекции и акутни инфективни болести на гастроинтестиналниот тракт вакцинацијата се спроведува по нормализирање на температурата; имунодефициенција (примарна); малигни заболувања на крвта и тумори“, се наведува во соопштението.
Покрај тоа, не смеат да се вакцинираат бремени жени и доилки, како и деца на возраст под 18 години, соопшти службата за односи со јавноста.
Вакцината на центарот „Вектор“ се очекува да биде регистрирана на 15 октомври.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли