По неодамнешна објава на Nvidia GeForce RTX 30 Series графичките карти и 360Hz Nvidia G-SYNC поддршка, Alienware ја ажурираше својата линија гејминг монитори. Дисплеите имаат IPS Nano Colour панели со исклучителен приказ на боите, без жртвување на стапката на освежување или одзивот.
Alienware AW2521H со 24.5-инчен екран нуди 360Hz стапка на освежување, 1ms G2G одзив и 1080p IPS панел. Мониторот има поддршка за Nvidia Reflex Latency Analyzer, што овозможува мерење на латенцијата на системот за подобро да се разберат перформансите на компјутерот, мониторот и глувчето.
Моделот AW2721D користи 27-инчен IPS Nano Colour панел, со стапка на освежување од 240Hz, QHD резолуција, 1ms G2G одзив и има сертификати за Nvidia G-Sync Ultimate и VESA DisplayHDR 600.
Ултраширокиот AW3821DW монитор има 37.5-инчен IPS Nano Colour панел со WQHD+ резолуција и исто така е сертификуван за Nvidia G-Sync Ultimate и VESA DisplayHDR 600, обезбедувајќи им на корисниците гејмплеј без цепење на екранот, со низок лаг и реалистична слика.
Alienware AW2521H, AW2721D и AW3821DW гејминг мониторите на пазарот ќе се најдат од ноември, по цени од 900, 1100 и 1900 долари.
Поврзани артикли