Двајца руски космонаути и еден американски астронаут успешно пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, каде ќе минат 6 месеци.
Астронаутите на Меѓународната вселенска станица ќе поминат шест месеци, а нивниот лет со помош на руската ракета „Сојуз“ траеше само три часа.
Лансирањето беше извршено од Казахстан, а леталото „Сојуз“ успешно се поврза со Меѓународната вселенска станица. Руската вселенска агенција „Роскосмос“ го прослави успехот со објавување на фотографии од пристигнувањето на леталото и соопштија дека мисијата била завршена во рекордно краток период.
Рускиот космонаут Иван Вагнер, кој веќе се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, го долови леталото MS-17. Ултрабрзото патување подразбира само две орбити околу Земјата пред леталото да се спои со Станицата.
Во однос на претходните, ова патување е двојно пократко.
Поврзани артикли