Валериос ја прими вакцината против коронавирусот и се надева дека сега ќе може да почне да живее слободно.
Валериос Асланидис од Анапа во Русија стана првиот Грк кој ја прими вакцината Спутник V.
„Отидов во Москва и таму ме вакцинираа. Пред да ја примам вакцината направив тест на коронавирус, ми зедоа крв за антитела да видат дали сум болен или пак дали сум го прележал вирусот. Потоа ме прегледуваа два часа“ – изјавил во интервју за грчки медиум.
„Влеговме во соба која што беше како фрижидер, температурата беше минус 32 степени. Оттаму извадија вакцина која што ми ја дадоа. Беше замрзната, се стопи за седум минути, а потоа ми ја вбризгаа“.
Инаку, овој човек живее во Русија и е претставник на Анапа како и двократен олимпиец во џудо, а е по потекло од Грција. Доброто здравје и спортското минато биле голема причина за да ја прими вакцината и да не се плаши од тоа.
„Не постои друг начин да живееме слободно. Не се плашев затоа што знам луѓе кои што ја примија пред мене и сега се добро. Сега вакцината е однесена и во Белорусија и во други земји“.
Инаку, втората доза треба да ја прими за 10-на дена:
„Следната вакцина се добива по две седмици, а пред тоа го проверуваат нивото на антитела во крвта. Дури втората доза може да ве заштити до две години од Ковид-19“ – истакнал тој.
Извор: Telegraf.rs