Научниците докажале дека преку настинката, може да се постигне природна одбрана на организмот против другите вируси.
Тие заклучиле дека таквата настинка би можела да биде заштита од Ковид-19.
Истражувањето кое што било спроведено на Универзитетот Јејл докажала дека присутноста на риновирусот поттикнува создавање на антивирусен агенс – интерферон, а станува збор за почетна фаза на имуниот одговор на нападот на патогените.
До денеска, во Англија починале над 42 илјади луѓе како последица од коронавирусот, па поради тоа научниците истражуваат дали настинката би можела да спречи потенцијална зараза од коронавирусот.
Д-р Елен Фоксман, која што работела на ова истражување, смета дека познатите вируси кои што предизвикуваат настинка, поттикнуваат нормален одбранбен механизам на клетките на дишните патишта:
„Клетките кои што ќе формираат заштита на дишните патишта е токму тоа место каде што сите вируси доаѓаат и каде што се размножуваат. Тоа вклучува грип, настинка и Ковид-19, како и сите вируси кои што во себе можете да ги внесете по пат на дишење.
Таков одговор од организмот делува и против Ковид-19“ – објаснила д-р Фоксман.
Таа исто така напоменала дека имунитетот базиран на интерфероним трае до две недели и дека инфекцијата не може да се спречи засекогаш, а Ковид-19 е непредвидлив.
Поврзани артикли