„Пластиката која завршува во океаните пропаѓа и се распаѓа на ситни делови, а резултатите јасно покажуваат дека микропластиката завршува на нивното дно”, објаснила научничката Џастин Берет.
Дното на светските мориња е прекриено со 14 милиони тони микропластика, што е последица од фрлањето на големи количини на ѓубре во океаните секоја година, објавила австралиската национална научна агенција “CSIRO”, пренесува “Хина”.
Количината на ситните загадувачи е 25 пати поголема во однос на претпоставките произлезени од претходни локални истражувања, наведува “CSIRO”, кој своето истражување го нарекува прва глобална проценка за количината на микропластика на дното на морињата.
Експертите со роботска подморница собираат примероци од длабочина и до 3.000 метри во подморјето на јужна Австралија.
„Нашето истражување покажа дека длабоките океани се како одводни канали за микропластика”, рекла лидерката на проектот Дениз Хардетс.
„Изненадени сме што пронајдовме толку микропластика на толку далечни локации”, додала таа.
Научниците, кои својот труд го објавиле во списанието “Frontiers in Marine Science”, велат дека подрачјата со повеќе ѓубре кое плови на површината имаат повеќе микропластика на своето дно.
„Пластиката која завршува во океаните пропаѓа и се распаѓа на ситни делови, а резултатите јасно покажуваат дека микропластиката завршува на нивното дно”, објаснила научничката Џастин Берет.
Хардетс поради тоа повикала на итна акција за пронаоѓање на решение за загадувањето, кое влијае на екосоставите, животот во дивината и на здравјето на луѓето.
“Владите, индустриите и заедниците мора да работата заедно на тоа за значајно да ја намалат количината на ѓубре која ја гледаме на нашите плажи и мориња”, рекла таа.