Кина одлучи да го подигне тестирањето на дигиталните валути на ново ниво, така што ќе им ги подели на граѓаните. Имено, Народната банка на Кина по случаен избор ќе избере 50.000 граѓани на кои ќе им подари дигитални валути во вредност од 30 долари (200 јуани), што е подарок од вкупно 1,5 милиони долари.
Тие ќе можат да ги потрошат валутите во округот Шенжен. Идејата е покрај тестирањето на технологијата, да се обезбеди и зголемување на потрошувачката, со цел да се „разбуди“ економијата, која „забави“ поради пандемијата со Ковид-19.
Граѓаните кои ќе добијат подарок, ќе мора да ја преземат и инсталираат Renminbi апликацијата, во која ќе добијат дигитални пари. Потоа, ќе можат да ја користат таа валута за купување во аптеки, продавници, ресторани…
Кина почна со тестирање на дигиталниот јуан уште во април, кога во пилот програмата беа вклучени дури и некои американски компании (како Мекдоналд и Субвеј). За разлика од децентрализираните крипто-валути, како што се Bitcoin или Litecoin, дигиталната валута на Кина ќе ја контролира кинеската централна банка.
Експериментот е дел од кинеските напори државата да ја претвори во општество без готовина. Затоа, планираат да развијат криптовалута што ќе биде полесно да се контролира и следи во споредба со физичките банкноти или стандардните крипто-валути. Овој нивен потег веќе го привлече вниманието на другите земји во регионот, така што Јапонија само што ги објави своите планови да експериментира со дигитални валути (иако не даде детали кога тоа може да се случи).
Поврзани артикли