Глобалната испорака на паметни телевизори забележа рекордни резултати во текот на третиот квартал оваа година. Според извештајот на аналитичката компанија TrendForce, во овој квартал се испорачани 62 милиони ТВ уреди.
Споменатата испорака претставува зголемување од речиси 13 проценти во споредба со истиот период во 2019 година и зголемување од скоро 39% во споредба со вториот квартал од оваа година.
Samsung и LG се лидери кога станува збор за глобалната испорака на ТВ уреди. TrendForce истакнува дека само во САД побарувачката била зголемена за 20 проценти, што се должи на пандемијата и фактот дека милиони Американци седат дома.
Откако пандемијата накратко ги наруши синџирите на снабдување, телевизорите сега се доставуваат до магацините и продавниците за малопродажба и се продаваат во рекордни стапки. TCL, Hisense и Xiaomi забележаа значително зголемување на глобалната испорака на ТВ уреди.
На глобално ниво, најголемите производители ги забележаа следниве зголемувања на испораката на телевизори:
TCL 52,7%
Samsung: 36,4%
Xiaomi: 22,9%
Hisense: 19%
LG: 6,7%
Поврзани артикли