Експертите кои работат за американската војска создадоа специјални AR очила за кучиња, а се работи за опрема со елементи на проширена реалност. Во прашање е помагало што може да им овозможи на четириножните миленици подобро да ги заштитат своите човечки придружници.
Проектот е дел од Small Business Innovation Research програмата, а се работи за очила што ќе им овозможат на сопствениците, пред се на војниците, да им издаваат команди на кучињата дури и кога не се во нивна близина. Експертите истакнуваат дека проширената реалност работи поинаку за кучињата отколку за луѓето и ќе служи за давање знаци и команди, а не за интеракција со околината.
Прототипот вклучува очила, камера и дисплеј што е поставен пред очите на кучето, а во испитувањето на производот учествуваше ротвајлерот Mate, кој покажа одлични резултати, бидејќи успеа се што знае да толкува и преку AR очилата. Очилата сè уште не се безжични, но во иднина би требало да станат, за да можат кучињата слободно да се движат.
Поврзани артикли