Интересен изум на шведскиот производител на автомобили.
За што станува збор? Станува збор за патент систем кој овозможува воланот и инструмент да се лизгаат од едната и од другата страна на автомобилот.
Вакво нешто изгледа сосема неверојатно, но Volvo со својот последен патент покажува дека со автономната технологија, вакво нешто станува реалност, така што шведскиот производител може да има големо влијание врз човечкото општество.
Изумот на Volvo ќе овозможи совозачот лесно да стане возач додека се вози со едноставно движење на управувачот од лево надесно или обратно.
Интересен концепт особено за Австралија, Јужна Африка или Англија каде се вози од левата страна на патот, а воланот е од десната страна. Како следно логично е да се прашате: Но што сега со педалите? Volvo засега не открива како ова ќе функционира.
Како и да е, овој концепт е сè уште во фаза на развој, но се чини ветувачки и веруваме дека ќе донесе вистинска револуција во иднина.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли