AOC го претстави новиот 4K гејминг монитор – AOC U28G2AE, што го карактеризира FreeSync поддршка и брз одзив, и обезбедува гејминг искуство во висока резолуција без лагови и цепење на екранот.
AOC U28G2AE има 4K IPS панел, со 1ms MPRT одзив (4ms G2G), 178/178º агли на гледање и 60Hz стапка на освежување. Мониторот покрива 119% sRGB и 89% од Adobe RGB спектарот на бои. Панелот од 10 бита има 1000:1 контраст и осветлување од 300 нита.
Freesync поддршката обезбедува GPU и стапката на освежување на мониторот да се синхронизирани, а тука се и шест гејминг модови, кои корисникот лесно може да ги менува со помош на AOC Settings KeyPad. U28G2AE мониторот има и AOC Low Input Lag и G-menu софтвер за прилагодување на карактеристиките на мониторот.
Опциите на конекции вклучуваат HDMI 2.0 порт, DisplayPort 1.2 и 3.5mm приклучок. Тука се и двата вградени 3W звучника. AOC не ја објави цената и достапноста на U28G2AE мониторот.