Доколку сакате да го користите вашиот телефон без да го гледате, Samsonite има решение, барем во одредени ситуации.
Новиот Samsonite ранец Konnect-i ја користи Jacquard технологијата на Google за поврзување со смартфон. Jacquard е мал модул сместен во еден од ремените на ранецот, а има и дел осетлив на допир. Технологијата поддржува неколку движења, горе, долу и двоен допир, со што се извршуваат различни дејства на смартфонот.
Има најразлични дејства, од стартување и сопирање на музика, па до активирање на навигацијата. Jacquard модулот, исто така, засветува и вибрира кога корисникот ќе добие повик или порака. Сите подесувања се извршуваат преку апликација достапна за уредите со iOS и Android.
Од Samsonite истакнуваар дека нивната технологија е посебно корисна кога возите велосипед или скутер.
Покрај тоа што го поседува модулот Jaquerd, ранецот Konnect-i е водоотпорен, има повеќе џебови, како и дел за лаптоп со големина на екранот до 15,6 инчи. Достапен е во две верзии, Стандард и Слим, а нивната цена е 219,99, односни 199,99 долари.