Секоја година, одделот за истражување во IBM ја објавува публикацијата „5 во 5“, која вклучува предвидувања за тоа како сите технологии ќе ги променат нашите животи во следните пет години.
Во годинешното издание тие ја потенцираат важноста на конвергенција на новите технологии, меѓу кои се вештачката интелигенција и квантните компјутери, додека како област каде што гледаат можности за поголеми чекори напред, тие издвојуваат дизајн и креирање на нови материјали.
Потребни се околу десет години и помеѓу 10 и 100 милиони американски долари за откривање нов материјал со специфични својства. Целта на IBM е да ги намали потребните ресурси за дури 90%.
Еве што предвидоа во следните пет години.
1. Поефикасно ќе го претвораме јаглерод-диоксидот од атмосферата во нешто корисно.
2. Ќе можеме да ја имитираме способноста на природата за да се претвори азотот од атмосферата во ѓубриво богато со нитрати. Ова ќе го намали штетното влијание на ѓубривата врз животната средина.
3. Ќе откриеме нови материјали за побезбедни и поеколошки батерии, кои ќе се користат за обновлива енергетска мрежа и одржлив транспорт.
4. Ќе го унапредиме производството на материјали, што ќе им овозможи на различни компании производите да им траат подолго.
5. Во следните пет години, IBM има план дополнително да им помогне на лекарите и на другите во борбата против потенцијалните нови вируси опасни по живот.
Извор: B92.net
Поврзани артикли