Земјата e можеби динствената планета за која знаеме дека има живот на неа – но тоа не значи дека нема и други.
Една нова студија, објавена во научното списание „Astrobiology“, наведува дури 24 потенцијални „супер-настанливи“ планети кои можат да имаат поволни услови за живот. Овие небесни тела се веројатно малку постари од Земјата (стари се околу 4,5 милијарди години), тие се малку поголеми, потопли и влажни.
Научниците веруваат дека можат да орбитираат околу ѕвездите кои имаат подолг животен век од Сонцето.
„Со помош на новите вселенски телескопи, ќе добиеме повеќе информации, па затоа е важно да знаеме некои идни цели. Треба да се фокусираме на планетите кои имаат најмногу ветувачки услови за сложен живот”, вели еден од истражувачите од Универзитетот во Вашингтон, Дирк Шулце-Макух.
Главните критериуми што истражувачите ги сметале за потенцијално настанливи егзопланети се следниве:
- Тие се наоѓаат во населлива зона – дефинирана како област околу ѕвездата каде што планетата би можела да поддржува течна вода
- До 10% се поголеми од Земјата
- Тие можат да имаат површинска температура до 5 Целзиусови степени повисока од Земјата.
Овие 24 новооткриени егзопланети се оддалечени повеќе од 100 светлосни години од Земјата, но повеќе детали за нив би можеле да добиеме со новите вселенски телескопи. Еден од таквите, е телескопот на НАСА наречен „James Web“, кој треба да биде лансиран на 30 октомври 2021 година.
Извор: B92.net