Lenovo во август го претстави својот Tab P11 Pro таблет со OLED екран, што се наоѓа во врвот на понудата на Android уредите на овој производител. Сега подостапна верзија на таблет уредот е забележана на Google Play Console листата, со некои спецификации.
Lenovo Tab P11 би требало да има дисплеј со резолуција од 1200 x 1200 пиксели, а ќе го покренува Snapdragon 660 чипсет во комбинација со 4GB RAM.
Се појави и фотографија од уредот (во ниска резолуција), која таблетот го прикажува од предната страна. Tab P11 е забележан и на Google Supported Devices листата, со ознака на модел TB-J606F, што дополнително потврдува дека таблетот наскоро ќе биде официјално претставен.
Поврзани артикли