Во текот на дожд, заштитните маски кои ги носиме за да се заштитиме од пренесувањето на коронавирусот имаат значително намалена ефикасност, бидејќи водата што се насобира на нив ја намалува нивната способност на филтрирање на воздухот и ја намалува количината на филтрирање на вирусите, предупредуваат британските научници.
„Влагата ги прави маските порозни“, предупредува Тим Спектор, професорот кој ја води апликацијата Covid-19 Symptom Study. Ги повикува граѓаните обврзно да ја заменат заштитната маска, доколку таа што ја носат се навлажни. По тоа прашање, ниту една заштитна маска практично не претставува исклучок.
Спектор ја предупредува британската влада дека јавноста не е упатена на тие ризици и дека би било корисно да им се дадат јасни совети на луѓето.
Бидејќи е есен, британските метеоролози предвидуваат се повеќе дожд, па предупредувањето на Спектор е и актуелно.
Бившиот висок функционер на WHO во програмата против ракот и бритрански онколог Карол Сикора ги наведува истите ризици кај носењето маски во дождливиот период, и баш како и професорот Спектор, смета дека јавноста нема никакви знаења или насоки по тоа прашање.
„Многу важно е да се знае дека треба да се менуваат маските доколку и малку се навлажнат, а за поскапите маски не постојат никакви поинакви правила“, истакнува Сикора.
Предупредувањето вреди и за маските кои стануваат влажни од самиот здив.
И самиот WHO го поддржува тоа предупредување на британските експерти и на интернет истакнува дека маските би морале да се променат доколку се мокри или видно валкани.
Во Франција, каде што носењето маски е задолжително на отворено, граќаните се поттикнуваат со себе да носат и резервна маска, за да можат брзо да ги заменат за време на дожд, доколку се најдат надвор.