Минатиов период сите ние ја сфативме потребата од брзо прилагодување, но и од безусловно прифаќање на дигиталните технологии кои постојано отвораат нови можности за олеснување на секојдневието кое го живееме.

Колку побрзо ги прифаќаме промените и ги осознаваме придобивките од модерната технологија и паметните уреди толку повеќе ќе добиеме време и моменти за уживање.

Едно од паметните решенија наменета за домовите е А1 Smart-Home, услуга базирана на вештачка интелигенција, паметен систем за управување со електричните уреди во домаќинството чија цел е зголемување на удобноста во секојдневното живеење, сигурноста и безбедноста.

Со користењето на Smart Home услуги корисниците добиваат комфор, односно можност за управување на паметните уреди преку една мобилна апликација, било кога и било каде. Дилемата дали е исклучена пеглата може веднаш да биде решена преку едноставна проверка на мобилниот телефон. Паметните светилки автоматски да се вклучуваат или исклучуваат што остава простор за заштеда на енергија.

Во секој дом или просторија Smart-Home решенијата имаат различна примена.

За сите оние кои сакаат да ги обезбедат своите викендици, повремениот прекин на електрична енергија нема да претставува проблем, бидејќи напредната централна единица со која се поврзани сите уреди содржи вградена батерија со издржливост и до 4 часа. Дополнително, преку функциите на паметните светилки лесно може да се симулира дека некој е присутен во објектот и покрај тоа што истиот е празен, а со самото тоа да се превенира и “посета” од несакани гости.

Преку A1 Smart Home апликацијата ќе имате преглед на сите паметни уреди без разлика дали сте дома или на одмор, бидејќи лесноќе може да се осигурате дека саканата баба е добра,дури и кога не сте во нејзина близина. Пред сѐ, целта на технологијата е да нѐ поврзува, да бидеме заедно и тогаш кога не сме во близина.