Google објави дека селфи фотографиите можат да ги „онерасположат“ луѓето, односно да направат луѓето да се чувствуваат лошо поради својот изглед, така што ќе ги променат почетните поставки во камерата на своите нови телефони.
За Pixel 4a, 4a 5G и Pixel 5, компанијата ќе го исклучи ретуширањето на фотографиите како вообичаена почетна опција во својата Camera апликација. Наскоро ќе го променат и именувањето на опциите за ретуширање, со цел да ги избегнат зборовите поради кои некои луѓе се чувствуваат лошо, како што е користење на зборот „убавина“.
Во иднина, доколку некој сака да ја разубави фотографијата, Google детално ќе објасни што би требало да направи да примени одредени примени. Од компанијата исто така наведуваат на овој проект соработувале со фотографи кои сликаат венчавки, за да најдат вистински баланс околу тоа како луѓето најмногу сакаат да се видат себеси.
Поврзани артикли