На пазарот веќе можат лесно да се пронајдат Android телефони со 120Hz освежување на екранот, дури и кај моделите од средниот сегмент. Меѓутоа, гласините сугерираат дека вакви дисплеи се уште нема да има ниту еден модел од претстојната iPhone 12 линија. Фановите на Apple изгледа ќе мора да го почекаат iPhone 13 за да добијат 120Hz стапка на освежување на екранот.
Аналитичарот Рос Јанг објави дека стапката на освежување на дисплеите од 120Hz ќе простигне на iPhone во 2021. година. Тој верува дека Apple моделите следната година ќе имаат 120Hz ProMotion екрани, а објави и уште некои детали за идните уреди.
Like DSCC, Mizuho Securities also says no new iPhone SE model in 2021, have to wait till 2022. They do say all iPhone 13 models will have integrated touch, BOE will join LGD on both 6.1" models, mini and 13 will adopt 12 Pro Max camera sensors, & sensor size will increase on Pro. pic.twitter.com/G9f6cz8dm0
— Ross Young (@DSCCRoss) October 2, 2020
Според прогнозите на Јанг, Apple ќе подготви нова iPhone линија која според дизајнот ќе ги следи годинашаните модели, па се очекува 5,42-инчен iPhone 13 mini, два 6,06-инчни модели и 6,67-инчен iPhone 13 Pro Max. Од сите модели следната гоидна се очекуваат да имаат Y-Octa технологија во дисплеите, што ќе ја обезбеди Samsung.
Најголемата промена ќе биде примената на 120Hz ProMotion дисплејот, што ќе биде можна со прифаќањето на LTPO дисплеј технологијата.