Ви претставуваме пет функции за Viber што би требало да ги испробате. Дали сте ги знаеле досега?
1. Направете квиз
За да креирате квиз во Viber, неопходно е да изберете заедница (community) или група за чет, а потоа иконата за анкета при дното на екранот. Ќе ви се појави нов прозорец, во кој можете да го видите образецот за вашиот квиз. Внесете прашања, точни одговори и само изберете Create.
2. Вклучете ги комбинираните известувања
Ова значи дека сите пораки во еден разговоц ќе ви пристигнуваат во рамките на истото известување, па телефонот нема секој момент да ви пречи. Отворете разговор за кој сакате да ги вклучите паметните известувања, а потоа повлечете од десно налево. Тука активирајте „Combine notifications“.
3. Станете невидливи
Сакате да користите Viber, но другите да не знаат дека сте онлајн? Отворете ја апликацијата, па изберете Setiings. Оттаму, одете на опцијата Privacy и само отштиклирајте го Share Online Status.
4. Скријте го разговорот
Најпрвин ќе морате да отворите чет соба и потоа да го отворите менито (се наоѓа горе десно). Оттаму изберете Chat Info, а потоа Hide this chat.
5. Споделете ја локацијата
Отворете разговор во рамките на кој сакате да ја споделите локацијата, а потоа кликнете на трите точки што наоѓаат доле десно во просторот во кој ја пишувате новата порака. Потоа само изберете „Send Location“ и тоа е тоа.
Поврзани артикли