Alexa сака телефоните да ги направи поедноставни и побезбедни за употреба во автомобил. За таа цел, го претставија Auto Mode, што го претвора смартфонот во дисплеј за автомобилите, со големи копчиња, поедноставени опции и лесно читливи информации.
Auto Mode се состои од четири екрани – Home, Navigation, Communicate и Play. Home екранот содржи кратенки за стартување или паузирање на музиката, навигација до дома или работа и за остварување на повици. Навигацијата донесува кратенки до омилените локации, или ако нешто ја прашате Alexa, поедноставена листа со резултати во која ќе се прикажуваат само најрелевантните одговори. Communicate екранот е наменет за полесно остварување на повици во текот на возењето, додека Play екранот служи за контрола на музика или подкасти.
Овој мод во следните неколку недели ќе стане достапен за Android и iOS уредите, а за почеток ќе биде достапен во САД, Велика Британија, Канада, Австралија, Франција, Германија, Индија, Италија, Шпанија и на Нов Зеланд.