Овој третман треба да го повторувате секое утро, во времетраење од еден месец.
Водата е единствената природна супстанција која што луѓето ја користат повеќе од илјада години. Сепак, не се во целост проучени сите нејзини можности.
Веќе е докажано дека поголемиот дел од болестите настануваат како последица на недостаток на вода во организмот на човекот, а исто така се знае дека енергијата на водата ги решава физиолошките процеси во самото тело.
Постои и едно мислење дека со помош на водата може да се лечи високиот крвен притисок.Механизмот на дејството на оваа метода на организмот не е докрај разрешен, но многу од луѓето тврдат дека токму тоа помага.
Во рускиот весник „Вестник ЗОЖ“ објавена била студија од еден доктор по алтернативна медицина, која што објаснува лечење на хипертензија со необичен метод – со помош на вода.
„Навечер наполнете чаша од 250 милилитри со вода. Оставете ја на маса во текот на една вечер, водата треба да отстои 12 часа. Наутро измасирајте ја главата со помош на прстите, истегнете се и станете. Земете ја шолјата со вода и уште една празна шолја.
Подигнете ја шолјата со вода високо над вашата глава и прелијте ја во празната чаша која што ја држите во другата рака.
Направете така 30 пати, претурајќи ја водата од една во друга чаша. Збогатена со кислород, водата треба да ја испиете веднаш, со консумирање на мали голтки. Најдобро е тоа да го правите секое утро на празен стомак, еден час пред оброкот.
Кога почнав да го правам ова притисокот ми се намали, се стабилизираше и исчезнаа мачните главоболки“ – раскажала жената.
Дали станува збор за психолошки момент, сè уште не е потврдено, но во секој случај ништо погрешно нема да направите доколку ја пробате оваа метода.