На бројни корисници на хардверот на Ring пред неколку дена им ѕвонело ѕвончето на влезната врата, но никој немало напред, што ги исплашило децата и постарите лица.
Како изгледа кога паметната технологија накратко ќе “оглупави” можеме да видиме на примерот со проблемот со паметното ѕвонче на компанијата “Ring” на “Amazon”. Освен што има камера преку која на екранот од телефонот можете да видите кој се наоѓа пред вратата, паметното ѕвонче има и безбедносни опции како детектори за движења пред врата, односно на корисниците им овозможува надзор на просторот околу куќата кога не се дома.
Пред неколку дена бил забележан проблем со паметните ѕвончиња на ринг, кои во неколку домаќинства предизвикале страв и паника. Поради проблеми со инфраструктурата паметните ѕвончиња почнале самите да ѕвонат, без некој да дојде пред вратата и да го притисне ѕвончето. Проблемите во некои случаи се манифестирале како постојано ѕвонење, додека кај дел од корисниците ѕвончето ѕвонело на секои десет минути.
Многумина не се чувствувало пријатно кога со слушнале ѕвончето, а на екраните на телефонот немало никој. Јасно, еден дел од нив помислиле дека станува збор за технички проблеми, но многумина признале дека таа ситуација за нив била многу вознемирувачка, посебно за децата кои се исплашиле од постојаното ѕвонење.
“Многу вознемирувачки за мојата која живее сама”, напишала една корисничка на Твитер.
Освен паметните ѕвончиња, Ring произведува и безбедносни камери за внатрешна и надворешна употреба, а неодамна претставиле нови модели наменети за безбедност во автомобилите како и безбедносен домашен дрон кој, додека сопствениците не се дома, лета по просториите и внимава на безбедноста, а може да провери и дали се затворени прозорците, исклучен шпорет и слично.
Извор: Zimo.hr