Lenovo Legion Duel гејминг смартфонот пристигна во Европа. Уредот комбинира Snapdragon 865+ чипсет и 144Hz AMOLED дисплеј (6.65 инчи, 1080p+), а тука е и pop-up селфи камерата од страна.
Ценета на уредот изнесува 1000 евра, а во многу земји се нуди со промоција и кодови за попусти за додатоци како што се Lenovo Smart Clock или Lenovo Yoga ANC слушалки.
Потребно е да се истакне дека Legion Duel телефоните за пазарот на Европа пристигнуваат со поддршка за 65W брзо полнење, иако моделите со 16GB RAM и 512GB простор за складирање поддржуваат брзо полнење до 90W.
Почетокот на испораката на Lenovo Legion Duel моделот се очекува на пазарот на 15. октомври.
Поврзани артикли