OnePlus 8T наскоро ќе биде претставен, а пред официјалната објава на 14. октомври се појавија CAD рендери што ги објави дојавувачот @OnLeaks. Рендерите откриваат дека телефонот ќе има освежен дизајн на задната страна.
Рендерите покажуваат дека уредот ќе го задржи дизајнот со punch-hole дисплеј, но задниот дел е опремен со правоаголни камери со модул во горниот лев агол (OnePlus 8 имаше вертикално поставени камери во горната половина на телефонот).
Уште еден дојавувач истакнува дека системот на камери на OnePlus 8T моделот се состои од Sony IMX586 48MP главен сензор со OIS и EIS поддршка, 16MP ултраширок сензор, 5MP макро камера и 2MP сензор на длабочина. Од предната страна се очекува Sony IMX471 16MP селфи камера.
OnePlus 8T има димензии 162,8 x 75,5 x 8,4 мм, со тоа што дебелината на испакнатината за камерата се зголемува на 9,3 мм. Телефонот ќе има 6,55-инчен S AMOLED HD+ дисплеј, со 120HZ стапка на освежување.