Иако ја претставуваат иднината на развојот на мобилните уреди, 5G мрежите се уште се во рана фаза на имплементирање и само мал број на земји имаат мрежи подготвени за потрошувачите. Сепак, многу држави веќе се подготвуваат иднината што ја донесува 5G.
Според анализите на компанијата Omdia, Јужна Кореја останува водечка земја кога е во прашање прогресот во развојот и имплементацијата на 5G мрежите. Швајцарија сега е втора на светот, додека Кувајт е трет.
Благодарение на напредокот на Sunrise, Швајцарија успеа да го престигне Кувајт, кој досега го држеше второто место и да има 426 населби со барем 80 проценти покриеност со 5G конекција, а бројот до мај се прошири на 535 локалитети.
Omdia потсетува дека достапноста на 5G уредите била лимитирана, што значајно ја намалува можноста корисниците да имаат корист од 5G мрежите. Јужна Кореја моментно води на полето на прифаќање на 5G уреди, со 5,88 милиони, односно 10 проценти од сите уреди во оваа земја.
Кога е Европа во прашање, Велика Британија е на второто место, а владата на оваа земја инвестира во националната Gigabit покриеност. Германија и Финска се меѓу ЕУ членките кои исто така имаат стабилен прогрес на полето на имплементацијата на 5G.
Поврзани артикли