Санитарниот јазол што американската вселенска агенција ќе го испрати во вселената е секако еден од највредните, ако не и највредниот во светот. Станува збор за високотехнолошки производ, вреден 23 милиони долари, кој набргу ќе лета со ракетата „Антарес“ сè до Меѓународната вселенска станица.
Во вселенскиот брод со кој ќе лета овој скап тоалет има и продукти за астронаутите.
Тоалетот е именуван како Универзален систем за управување со отпадот (UWMS). Тој е 65 проценти помал и 40 проценти полесен од тоалетот што моментно го користат астронаутите, објаснува НАСА.
Потребата за тоа се појавила кога жените астронаути почнале да ја истакнуваат непрактичноста на сегашниот тоалет, односно конструкциските грешки на лентата за фиксирање на телото за да не одлепи од тоалетната штица.
NASA's new $23 million space toilet is ready for launch https://t.co/ilM3cMI9pO pic.twitter.com/iyJLMBbtip
— SPACE.com (@SPACEdotcom) September 25, 2020
Исто така, новиот тоалет има многу поекономичен систем за претворање на урината во вода.