Темниот режим (Dark Mode) пристигнува на Google Maps за Android, како што пријавуваат одредени корисници. Google го испорачува темниот режим на нивото на целата апликација за Google Maps, од верзијата 10.51.1 на Androidu 11.

Судејќи според се, оваа измена постепено пристигнува серверски, со оглед на тоа дека ажурирањето на најновата верзија на Google Maps не е доволно за опцијата да се појави во менито за подесување на апликацијата.

Прилагодувањето на изгледот во рамките на апликацијата ќе им овозможи на корисниците да изберат темна тема или да го прилагодат изгледот со универзалната тема на системот во Android.

Google Maps секогаш имаше автоматски ноќен режим, што се вклучува кога ќе зајде сонцето или кога корисникот минува низ тунел, но никогаш не е применуван кога се отвораат мапите или менијата.