Се приближува објавата на Huawei Mate X2 флексибилниот телефон, што овие денови е забележан на TENAA сертификацијата, а доби и Wi-Fi Alliance сертификат.
На TENAA листингот, Mate X2 е забележан со TET-AN00 ознката („TET” го означува „Teton“ кодното име на уредот). TET-NX9 бројот на модел, за кој се верува дека припаѓа на интернационалната верзија на телефонот, доби Wi-Fi сертификат.
Листингот открива дека уредот е опремен со Wi-Fi 6 конекција и пристигнува со преинсталиран Android 10 оперативен систем. Дојавувач од Кина сугерира дека флексибилниот телефон ќе користи Kirin 9000 чипсет.
Претходните извештаи споменуваа дека Huawei Mate X2 ќе има 8.3-инчен флексибилен дисплеј на преклоп, што го произведува Samsung Display. Екранот има 2280 x 2220p резолуција и стапка на освежување од 120Hz. Свиткувањето на екранот ќе биде кон внатре.
Системот на камери ќе го сочинуваат 40MP главен сензор, 40MP ултраширок, телефото сензор од 12MP, како и 12MP ToF. Mate X2 се очекува со 512GB простор за складирање и 16GB RAM, а уредот ќе го напојува 6000mAh батерија со поддршка за 65W брзо полнење.
Поврзани артикли