Кога Google ќе го објави Android 12 во некој момент следната година, компанијата истакнува дека ќе им олесни на корисниците инсталирањето на новиот софтвер преку екстерните продавници на апликации на нивните уреди. Google истакнува дека оваа измена ја воведува како одговор на повратните информации на програмерите, а ветува дека повеќе детали ќе бидат достапни подоцна.
Во рамките на истата објава, Google го објави и својот став кога се во прашање купувањата во рамките на апликациите. Компанијата истакнува дека од сите програмери што нудат дигитални производи и услуги преку своите апликации, ќе бара плаќањата да ги обработуваат преку Play Store системот на наплата. Програмерите имаат рок до 30 септември 2021. година своите апликации да ги направат компатибилни со новата политика на плаќање на Google.
Појаснувањето на политиката на плаќање недвосмислено пристигнува по неодамнешното отстранување на Fortnite играта од Play Store, откако Epic Games во август го додаде алтернативниот систем на наплата за iOS и Android верзијата на играта, што на играчите им овозможуваше да ги заобиколат App Store и Google Play кога вршат плаќање со помош на V-Bucks валутата на Fortnite.
Поврзани артикли