Рускиот холдинг „Швабе“ (по основачот на фирмата Фјодор Борисович Швабе) заедно со компанијата „Моторика“ летово ја направи првата серија на новата протеза за рака која покажува висок резултат во чувството на врвовите на прстите.
Новите протези не само што го маскираат физичкиот недостаток, туку стануваат замена за изгубениот дел на телото. На испитувањата протезите покажаа високи резултати во чувството на врвовите на прстите, брзината и бројот на фаќања, како и според различните позиции на шаката, напонот и вревата што ја остварува.
Протезите се веќе пуштени во продажба во Русија, додека Индија нарача голема партија. Производството е организирано во Вологдскиот оптичко-механички завод на холдингот „Швабе“, додека тестирањето на протезите се врши во дијагностичкиот центар „Моторика“ на територијата на „Сколково“.
Специјалистите на погонот „Вологда“ го составуваат механичкиот дел на протезата и внатрешниот скелет на шаката, кој се состои од погон, систем на запчести тркала, метална рамка и метални прсти, кои се движат со помош на посебен електромотор. Понатаму електронските компоненти ги инсталира „Моторика“.
Секоја година во Русија се јавува потреба од 40 илјади нови протези.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли