Amazon одлучи да заплови во водите на гејмингот, и во тој контекст го најави новиот cloud сервис под името Luna.
За разлика од Google сервисот Stadia што овозможува да се купуваат игрите индивидуално, корисниците на Luna ќе можат да им пристапуваат на игрите ако се претплатат на одредени канали. На пример, The Luna+ каналот ќе нуди микс од игри кои би можеле да ги привлечќат љубителите на хорори – Resident Evil 7, Control, Panzer Dragoon, A Plague Tale: Innocence, Grid и Yooka-Laylee and the Impossible Lair. Во план се и други канали, како оној што ќе го нуди Ubisoft, а кој ќе ги содржи Assassin’s Creed Valhalla, Far Cry 6 и Immortals Fenyx Rising.
На сервисот ќе може да се пристапува и преку соодветните Alexa контролери што се поврзуваат директно на cloud и така управувањето со игрите ќе го прават уште поедноставно. Експерите се веќе заинтересирани, а посебно за споредба со сервисот Google Stadia, бидејќи гејмерите се уште не се убедени дека cloud гејмингот е подобар од традиционалните начини на играње. Luna ќе поддржува 1080/60fps графика, а се работи и на 4K поддршка за одредени наслови. Тука е и поддршката за Twitch интеграција.
Luna+ ќе чини 6 долари месечно, а цената за ubisoft каналот се уште не е позната. Тоа значи дека различните канали покрај поинакви игри ќе имаат и различни цени, па останува да се види како тоа ќе функционира.