Флексибилниот телефон Huawei Mate X2 нема да биде претставен во скоро време, но Huawei и натаму вредно работи на уредот. Сега се појави пријава за патент на Mate X2 смартфонот, заедно со бројот на моделот.
Новиот патент прикажува поприлагодена верзија во однос на претходно забележаниот дизајн. Тука е екранот што вклупува кон внатре, екстерен дисплеј со солидна големина со punch-hole засек. Присутни се и пет камери, сместени во кружен отвор.
Според последните гласини, Mate X2 ќе има 8.03-инчен главен дисплеј без засек и 4,5-инчен екстерен панел. Вкупниот дизајн доста потсетува на Samsung Galaxy Z Fold2.
Една област каде што Mate X2 би можел да има предност е шарката, а патентот покажува дека не постојат никакви отвори. Дојавувачот DigitalChatStation го пријавува бројот на модел TET-AN00 за телефонот. Гласините исто така сугерираат дека Huawei Mate X2 ќе го покренува Kirin 9000 чипсет.