Повеќето излечени од коронавирусот на старост помеѓу 15 и 40 години, не развиваат антитела откако ќе оздрават, покажало истражувањето кое што го спровеле австриските власти.
„Тоа е изненадувачки резултат, но се поклопува со фактот што кај тие старосни групи заболувањето е „поблаго““ – објаснила директорката Ирмград Лехнер.
Во рамките на истражувањето кое што било спроведено во месец јуни, целокупното население на Рајхенау било тестирано на антитела.
Во таа општина на пролет имало 61 заболен од Ковид-19, а над 260 луѓе биле во карантин.
Во истражувањето подоцна учествувале 1.824 луѓе, а во нив и оние кои што биле позитиви на Ковид-19 во текот на пролетта.
„Сите по пат на ПЦР тест, кои што биле позитивни и на тестот за антитела имале кашлица, како и губење на сетилото за мирис и вкус, чувствувале умор и имале температура како дополнителен симптом“ – изјавил покраинскиот секретар за здравство, Улрике Коенигсбергер-Лудвиг.
Оние кои што не успеале да создадат антитела, како што се наведува, чувствувале само настинка, без главни симптоми на Ковид-19.
Градоначалникот на општината, Ханес Делер, изјавил дека ова истражување покажува дека никој не е сигурен, затоа што не се знае кога човекот може да заболи од потежок облик на вирусот, па потребна е поголема самоодговорност од граѓаните.