Иако милиони апликации во AppStore на Apple укажуваат на тоа дека многумина ја преферираат дистрибутивна платформа на компанијата од Купертино, изгледа дека ова искуство не е во целост флуидно. Развојот на ситуацијата во последниот месец доведе до тоа неколку компании, на кои наводно Apple им згрешил во минатото, да се одлучат да се здружат и да формираат Coalition for App Fairness.
Ова ги вклучува компаниите како што се Epic, Spotify, Deezer, Tile и Basecamp, а секоја од нив имала проблеми со Apple во некој момент. Овие компании сега се здружуваат за да ги присилат провајдерите на продавниците на апликации, како што е Apple, да ја променат политиката на работење за да станат повеќе „фер“ или да ги примораат на регулација на правилата.
Некои од клучните прашање што оваа коалиција сака да ги покрене и реши е како компаниите како што е Apple можат да земаат провизија од 30 проценти од продажбата на апликации или купувања во рамките на апликациите. Исто така, укажано е на проблемот што не постојат алтернативни начини на дистрибуција на апликациите на iOS уредите, со исклучок на App Store, што ги приморува компаниите да се придржуваат до правилата и условите на Apple.
Некои истакнуваат дека цврстата контрола на Apple над App Store им пружила одреден степен на сигурност и квалитет на крајните корисници, при што воглавно се знае дека може да им се верува на апликациите преземени од App Store. Од друга страна, другите велат дека правилата се премногу рестриктивни и во одредена мерка анти-конкурентна.
Поврзани артикли