Рендерите кои се појавија на интернет го открија изгледот за претстојниот смартфон Nokia 7.3.
Иако се очекуваше дека Nokia 7.3 ќе биде претставена на 22 септември, тогаш можевме да ги видиме моделите Nokia 2.4 и Nokia 3.4.
Додека ги чекаме официјалните информации за Nokia 7.3, OnLeaks ги објави рендери што го откриваат изгледот на новиот смартфон.
Nokia 7.3 има 6,5-инчен екран со Full HD+ резолуција со отвор за селфи камерата. Задниот панел е од пластика, а на него има четири камери сместени во кружен модул Лево од модулот е LED блицот, а под модулот е сензор за отпечатоци од прсти.
На десниот раб се сместени копчиња за контрола на јачината на звукот, како и копчето за вклучување и гасење на уредот, додека на долната страна се наоѓа USB-C порт сместен помеѓу звучникот и микрофонот. Посакуваниот 3,5 милиметарски влез за слушалки се наоѓа на горната страна, заедно со секундарниот микрофон.
Изворот тврди дека димензиите на Nokia 7.3 изнесуваат 165,8×76,3×8,2 мм, а процесорот е Qualcomm Snapdragon 690. Однапред е камерата од 24MP, додека одзади се наоѓа примарна камера од 48MP. Уредот го напојува батерија од 4.000 mAh, која поддржува 18W брзо полнење.