Фабриката Гундам во Јокохама, во близина и јужно од јапонскиот главен град Токио, го оживеа филмскиот робот Ер-икс-78 од јапонскиот цртан „Подвижниот костим Гундам“ од 1979 година.
Роботот е висок нешто повеќе од 18 метри и тежи 25 тони. Оваа огромна рекреација има широк спектар на движења со главата, очите, способна е да клечи, да ги движи прстите и да покажува кон небото.
Вештачкиот џин ќе биде главна атракција во новиот Гундам забавен парк.
Претставувањето беше предвидено уште пред една година, но беше одложено поради корона-пандемијата.
Life-sized Gundam in Yokohama is now in testing mode.pic.twitter.com/51HVoraPb7
— Catsuka (@catsuka) September 21, 2020