Кога се во прашање евтините Android телефони, веројатно никој не очекува ништо, освен да биде можно да се телефонира, да се испраќаат пораки и да се користи по некоја апликација.

Сепак, размислете уште еднаш, бидејќи моделот кој само што се појави и чини околу 120 евра нуди далеку повеќе од очекувањата, вклучувајќи и три години Android безбедносни ажурирања.

 

Toa e Nokia 2.4 телефонот. Доаѓа во конфигурација со 3 GB RAM и 64 GB простор за складирање и 2 GB RAM и 32 GB меморија, со Dual SIM поддршка и microSD слот за картички за проширување на интерната меморија до 512 гигабајти. Чипсетот е MediaTek Helio P22, но овој пат, за разлика од моделот Nokia 2.3, станува збор за осмојадрен процесор. IPS LCD екранот на телефонот е со дијагонала од дури 6,5 инчи, со HD+ резолуција, односно 1.500 x 720 пиксели и однос на страници 20:9.

Смартфонот има батерија со капацитет од дури 4.500 mAh, која овозможува дури два дена работа без полнач, а самото полнење е опцијата на која HMD Global најмногу штедел – брзината на полнење е само пет вати, а полнењето се врши преку застарениот micro USB приклучок.

Телефонот доаѓа со прочистениот Android One оперативен систем, во верзија 10, а ќе биде надграден и на следните верзии Android 11 и Android 12.

Камерите се исто така унапредени за оваа класа, па главната задна има резолуција од 12 мегапиксели, додека помошната портрет камера има два мегапиксела. Новата генерација Nokia 2.4 телефони донесува и модерни карактеристики како што се напредно фотографирање со поддршка на вештачката интелигенција, што содржи посебен Ноќен режим и Портрет едитор, кој пружа можност за уметничко уредување на фотографиите со помош на своите прилагодени облици и заматени позадини – дури и по сликањето на фотографијата.

Телефонот ќе се најде во продажба од октомври по препорачана цена од 120 евра.