ViewSonic го објави новиот Elite XG270Q гејминг монитор, што е опремен со QHD панел со 165Hz освежување, има 1ms G2G одзив и агли на гледање од 178 степени. Осмобитниот IPS дисплеј од 27 инчи, нуди осветлување од 400 нита, 1000:1 контраст и 95% покриеност на DCI-P3 спектарот на бои.
Adaptive Sync поддршката овозможува гејминг сесии без цепење на екранот и други проблеми, додека Display HDR400 сертификатот нуди контраст и реализам во гејминг опкружување. Flicker-free технологијата и Blue Light филтерот го штитат очите на корисникот. Екранот има контролер за управување и синхронзирање со Elite RGB Alliance членовите на RGB екосистемот.
ViewSonic Elite XG270Q има два HDMI 2.0 порта, DisplayPort 1.4, USB-hub со 3x USB-A 3.2 приклучока и 3.5mm аудио влез. Компанијата не објави детали за достапноста и цената на својот нов гејминг монитор.
Поврзани артикли